Од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија – КОАИ, соопштуваат дека на 31 јануари 2019 година, на маргините на VÖBU FAIR – најголемиот геотехнички саем кој се одржува во Виена, Австрија, од страна на Австриската асоцијација на инженери и архитекти беше организирана 12. Австриска геотехничка конференција.
На Конференцијата почесен гостин беше членот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Проф. д-р Милорад Јовановски.
Имено, Австриската асоцијација на инженери и архитекти, на Проф. д-р Јовановски му го додели признанието Great Gold Medal of Honour (Голем златен медал за заслуги) за неговиот исклучителен научен и практичен придонес во развојот на инженерската геологија и гео механика.
Ова признание од Австриската асоцијација на инженери и архитекти, формирана во 1848 година, е многу значајно од причина што во последните 25 години е доделено само 3 пати, и тоа во 1995, во 2011 и во 2019 година на Проф. д-р Јовановски.
Комората на овластени архитекти и овластени инжери на Република Македонија и Австриската асоцијација на инженери и архитекти имаат потпишано договор за взаемно признавање на овластувањата издадени од коморите.