Во Општина Охрид, се одржа јавна расправа за проектот за реконструкција на кејот “Македонија“. Средствата во висина од 1,2 милиони евра ќе бидат обезбедени преку Светска банка и од буџетот на Општина Охрид за оваа намена.
„Проектот моментално е во финална фаза, обезбедени се сите неопходни согласности од надлежните институции, изготвен е и елаборат за заштита на животната средина со стратешка оценка за влијанието на проектот врз околината. Стигнати сме до фазата на одобрение од Министерството за транспорт и врски, кое очекуваме во наредните десет дена да биде обезбедено, така што имаме комплетен проект“ – исткна во воведното излагање градоначалникот Јован Стојаноски.
Основниот проект еизработен од фирмата “Астрекс“ од Скопје. Проектот предвидува реконструкција на кејот во должина од илјада метри, а треба да заврши до јуни следната година.
На расправата учествуваа граѓани на Охрид и претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита, Капетанијата на пристаништа, јавните комунални претпријатија од Охрид и претставници на повеќе невладини организации.
Проектот може да се погледне на следниот линк.