Со комплетирање на сите потребни подготвителни работи, проектот за музејскиот комплекс Blåvand Bunker од данското студио BIG е подготвен за реализација. Дизајниран со цел да трансформира постоечки германски бункер од Втората светска војна, издлабен во насипите на Блаванд, Данска, новиот музеј вклучува четири засебни институции: бункер музеј, амбар музеј, историски музеј и посебна изложбена галерија.
Како контраст на постоечката затворена бетонска структура, новиот музеј со својот архитектонски израз функционира како отворено јадро интегрирано во пејзажното опкружување. Во секоја смисла, музејскиот комплекс ја презентира спротивноста на мрачната, интровертна милитантна историја. Објектот е интегриран во пејзажот, привлекувајќи ги постителите кон внатрешноста.
Организирани околу централно отворен плоштад, галериите апсорбираат поголемо количество на природно осветлување и отвораат идилични визуелни согледувања кон природата.