Насловна / Арт и дизајн / Проектот „Скопје 2014“ во дело на швајцарска уметница на Годишната изложба на уметници од градот Цирих

Проектот „Скопје 2014“ во дело на швајцарска уметница на Годишната изложба на уметници од градот Цирих

Традиционално, секоја година во месец јули се отвора Годишната изложба на уметници од градот Цирих во градската куќа, со наслов ,,Уметнички дела и стипендии за уметници“. Оваа година изложбата беше отворена на 13 јули 2018 и траеше до 2 септември 2018 година, а со свои дела учествуваа 35 уметници од градот Цирих. Делата на уметниците беа во различни области и техники како цртеж, масло на платно, пастел, видео, инсталации, краток филм, скулптура, литературен текст и др. Интересно, можеби за нас, на оваа изложба беше изложено и дело на уметницата Сузана Хефти.

IMG_1212
(Susanne Hefti), ФАСАДИ (Скопје 2014-2018) ,,инсталација со фотографии црно-бели и во боја. Делото за проектот „Скопје 2014“ го работела во соработка со македонскиот архитект Дамјан Кокалевски.

IMG_1204
Моментално нејзин уметнички интерес е критичка анализа на архитектурата и местата во кои доаѓаат до израз општествените, политичките, социјалните и монетарните процеси. Во нејзините дела користи различни медиуми (практики) како документарна фотографија, уметничка фотографија, новинарско истражување, литературен текст, архитектура и градски простори. Хефти во периодот од 2014 до 2018 престојувала во главниот град на Р Македонија – Скопје и го истражувала проектот „Скопје 2014“, што за неа е многу импресивен пример, како јавниот простор се експлоатира за популистички и националистички цели. Нејзината порака што ја испраќа преку ова дело не е малку важна и е во врска со една утопија која благодарение на монументалниот урбанистичко- архитектонски проект „Скопје 2014“, еден отворен модерен и иновативен град го преобразува во место за сегрегација кое денес е полно со идеолошки застарени простори.

IMG_1198
Есента 2018 година ќе биде објавена книгата ,,Волшебници“ од издавачката куќа СПЕКТАР во Лајпциг, уредена од Сузана Хефти и Дамјан Кокалевски.

IMG_1201

IMG_1208

Испрати коментар

Scroll To Top