Насловна / Арт и дизајн / Проектот „Сега“ е македонски претставник на 17. Биенале на архитектура во Венеција

Проектот „Сега“ е македонски претставник на 17. Биенале на архитектура во Венеција

Проектот „Сега“ на група архитекти на чело со Бекир Адеми е македонски претставник на 17. Биенале на архитектура во Венеција (20 мај-29 ноември).

„Сега“ е проект на проектантското биро „Бина архитектура“ на Адеми со групата коавтори Ана Рафаиловска, Јордан Шишовски, Амине Адеми, Енис Абовски, Енес Север, Дрен Невзати, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Елмедина Хасани, Нита Чаволи, Аида Бакали Салиху, Ивана Чаловска.

bi_resize

Комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија на Северна Македонија, куратори се Бекир Адеми и Јордан Шишовски, а соработници се професорот Ферид Мухиќ и Рамуш Муарем.

 

Испрати коментар

Scroll To Top