Насловна / Вести / Проектот „Откри ја Пелагонија“ на плажата Стење на Преспанското езеро

Проектот „Откри ја Пелагонија“ на плажата Стење на Преспанското езеро

DSCN4795_1024x768

Со кампирање, велосипедизам, болдеринг, планинско трчање, параглајдинг и вкусување на локални специјалитети започна проектот „Откри ја Пелагонија“ на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и општините што се наоѓаат на територијата на Пелагонија.

Проектот започна со велосипедски маратон и планинско трчање на плажата Стење на Преспанското езеро, а продолжи со параглајдинг и болдеринг на кои учествуваа бројни учесници од цела Македонија. Долж брегот на преспанското езеро беа поставени шаторите на бројните кампери кои решија да бидат дел авантурата за откривање на Пелагонија.

„Во рамките на проектот Откри ја Пелагонија – Пелагонија создадена за авантура се одржа трка во планинско трчање во должина од 17 километри во регионот на селото Стење. Имено на оваа трка учество зедоа околу 20 учесници. Задоволни сме од целосната организација и од временските услови и се надеваме дека ова ќе стане традиција и секоја година ќе организираме ваков настан“ – – изјави Трајче Панковски организатор на трката во планинско трчање.DSCN4834_1024x768

Томислав Спасевски е еден од учесниците на планинското трчање. Тој за медиумите изјави дека е задоволен од овој проекти и бројните учесници на настаните и вели дека е потребно континуирано да се организираат вакви настани во текот на целата година. Инаку Томислав досега ги има искачено сите планински врвови во Македонија а во 2006 година го постави рекордот за најбрзо искачување на врвот Пелистер кој се уште никој го нема надминато.

Христијан Коруновски претседател на велосипедско – планинарскиот клуб PrespaLife  воедно и организатор на велосипедскиот маратон истакна дека е позитивно изненаден затоа што се пријавиле околу 100 велосипедисти и тоа од цела Македонија да земат учество во овој проект и нагласи дека е оргомно задоволството што конечно Преспа го враќа стариот лик.DSCN4908_1024x768

На отворањето на проектот „Откри ја Пелагонија“ присуствуваа градоначалникот на општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски и директорката на ЦРППР Емилија Ѓероска.

DSCN4898_1024x768

„Втор ден ја откриваме Пелагонија на плажата во Стење. Учество зедоја бројни спортски клубови, имавме планинско трчање и возење со велосипед кон врвот на Галачица каде што беа соборени рекорди и доделувавме медаљи. Денешниот ден продолжува исто така со интересни активности. Имено денес организираме болдеринг и параглајдинг како и вкусување на локалните и преубави спецјалитети што ги нуди преспанскиот крај. Покрај тоа ќе биде посетен островот Голем град каде што ќе бидат презентирани природните убавини од недопрената природа од овој крај. Наредниот период во рамките на проектот Откриј ја Пелагонија е предвиден за планинарски марш на Кајмакчалан, параглајдинг тандем летови во Крушево, мото трка во Братиндол, национална тракторијада во општина Могила и други активности кои се дел од овој проект“ – истакна Емилија Ѓероска, директор на ЦРППР.

Градоначалникот Стрезовски истакна дека е големо задоволството кога некој проект што сте го замислиле и проектирале станува реалност и достигнува голем успех. Тој нагласи дека општина Ресен и понатаму ќе ги поддржува сите проекти кои што се од голема важност за промоција на овој дел од Македонија и Преспа како туристичка дестинација.DSCN4796_1024x768

„На плажата Стење започнува проектот Откри ја Пелагонија, проект на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион во кој ќе земат учество сите оштини што се во рамките на пелагониската котлина. Имено започнавме со планинаска и езерска трка, потоа возење на велосипед кон врвот на Галичица, параглајдинг и други активности кои се предвидени во програмата. Овој проект е од особено значење за нашата општина затоа што преку него го промовираме авантуристичкиот туризам, ја промовираме Пелагонија и општините заедно со нејзините убавини. Се надевам дека ова ќе биде почеток на една традиција која ќе се одржува секоја година и сите заедно ќе ја откриваме Пелагонија затоа што Пелагонија е создадена за авантура“ – изјави градоначалникот на Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски.DSCN4897_1024x768

Во рамките на овој проект беше реализирана посета на островот Голем град, каде што новинарите беа запознаени со убавините што ги поседува овој остров, недопрената природа но и остатоците од цркви и други градби стари неколку века. Првиот ден од проектот „Откриј ја Пелагонија“ заврши со вкусување на локални специјалитети приготвени од врвни мајстори на кулинарството.DSCN4881_1024x768

Испрати коментар

Scroll To Top