Насловна / Арт и дизајн / Проектот „Фрутело“ со најдобар дизајн на амбалажа за македонско слатко

Проектот „Фрутело“ со најдобар дизајн на амбалажа за македонско слатко

88B00ECB3E3A5B00D1FA9E625DCE77C0
Проектот „Фрутело“ на младите креативци, 21-годишниот Далибор Смилевски од Кичево и 22-годишниот Мартин Стојмировски од Кочани, е победник на конкурсот за дизајн на седум видови слатко на „Јоми фуд“ од Велес, што го распиша Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Двајцата млади дизајнери добија значка со што станаа дел од тимот на „Браво сине“ и парична награда од 200 илјади денари.

Нивниот дизајн беше избран меѓу 26-те креативни решенија кои влегоа во потесна конкуренција, а од кои потоа беа избрани по два проекта од страна на Движењето Иво Лауренчиќ „Браво сине“ и Skopje Design Week кои ѝ беа понудени на компанијата „Јоми фуд“ чие слатко беше избрано за брендирање.

На своето решение, двајцата креативци работеле повеќе од еден месец, а паричната награда која ја добија ќе ја вложат во нивниот професионален развој.

Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето „Браво сине“, е задоволна од реализацијата на првиот проект и најави дека и следната година ќе продолжат со истата активност – да се брендира еден автентичен македонски производ.

E3083A1D5653CF56B7C02DC446E54C03
– Многу сме задоволни бидејќи нашата највисока цел, да дадеме поддршка на младите креативци и да го поттикнеме нивниот ентузијазам е постигната, а со тоа и мисијата на Иво Лауренчиќ продолжува понатаму. Покрај овие две цели, оваа платформа придонесе за зајакнување на свесноста кај домашните компании да креираат призводи со идентитет и да се изгради мост меѓу креативноста и бизнисот во функција на заемниот и јавниот интерес, но и повторно да се потсетиме на нашите автентични домашни производи, истакна Пеева – Лауренчиќ на прес-конференција.

Од компанијата „Јоми фуд“ најавуваат дека седумте видови слатко со нов изглед ќе се појават на македонскиот пазар пред новогодишните празници. Се надеваат дека со новата етикета и дизајн на слаткото ќе се зголеми продажбата на нивниот производ.

Првонаграденото решение, заедно со 10-те решенија кои влегоа во потесна конкуренција ќе бидат изложени во просторот на „Браво сине“ на годинашното издание на Skopje Design Week што ќе се одржи од 23 до 28 овој месец во Куршумли ан во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top