Насловна / Вести / Проектантското биро „Стокуќа“ внесе душа во Пивара Скопје

Проектантското биро „Стокуќа“ внесе душа во Пивара Скопје

Проектантското биро од Скопје „Стокуќа“ е добитник на престижната меѓународна награда BigSEE Interior Design Award 2022 – Grand Prix за проектот канцелариски простор за Пивара Скопје во конкуренција на повеќе од 2.400 проекти од 21 држава.

0_resize

За потребите на дополнителен работен простор со современа работна култура, нашиот инвеститор СКОПСКА ПИВАРА го избра првиот кат од магацинот кој не е во функција и се наоѓа веднаш до постојните канцеларии на администрацијата. За новите канцеларии обезбедивме нов независен влез во постојната зграда со пристап до ниво +6,50. Во одземени модули од приземјето, организиравме вертикална комуникација, тоалети и тераса на ниво +6,50. Работниот простор е организиран како отворен тип на канцеларии сè со цел да се зголеми соработката, креативноста и комуникацијата меѓу вработените.

01_resize

03_resize

Целиот простор е составен од три делови: работни единици, централен простор со амфитеатар и челични платформи кои овозможуваат формирање дополнителен работен простор. Работните единици се поставени долж периметарот кој ја користат природната дневна светлина и надворешниот поглед. Секоја единица е одделена со модуларни прегради во кои се чуваат документи и лични работи на вработените во комбинација со табла за презентации.

06_resize

 

04_resize

Срцето на канцелариите – централниот дел со амфитеатарот е проектиран да прими голема концентрација на луѓе за поголеми настани. Поради двовисокиот волумен се имплементирани две платформи кои обезбедуваат дополнителен алтернативен работен простор со затворени мини-канцеларии. Под платформите се организирани сали за состаноци, тивки простории и премини за неформални состаноци на вработените.

10_resize

05_resize

Проектот за новите канцеларии беше ставен на хартија пред пандемијата и беше реализиран за време на пандемијата по модификациите за да одговараат на новата реалност. Проектот е доказ дека кога работите со визионери имате единствена можност да внесете душа во неискористениот простор. Со елементи за пишување приказна, со текстури за создавање моќ и додавање магија таму каде што ја немало.

16_resize

Проектот претставува чекор кон иднината на создавање култура на работното место, место кое ја поддржува индивидуалноста и стимулира движење, размена на идеи, собири, формални и неформални каде футуризмот, визијата и емоциите се здружуваат поврзувајќи ги брендовите што нашиот клиент ги претставува Heineken, Coca Cola и Скопско. Успеавме да создадеме концепт на отворени канцеларии со опуштена работна атмосфера која ја поттикнува креативната енергија да циркулира низ просторот.

Автор: Јелена АНДЛОВИЦ, дипл. инж. арх.

Автори

СТОКУЌА ДООЕЛ – Скопје; Јелена Андловиц, Марија Петровска

Инвеститор

ПИВАРА Скопје

Година на завршување

2021

Вкупна површина

2.100 m²

Фотографии

Маја Аргакијева

08_resize

09_resize

12_resize

13_resize

14_resize

15_resize

07_resize

02_resize

17_resize

Испрати коментар

Scroll To Top