Насловна / Вести / Проектанти и граѓани заеднички создале нов парк во Гетеборг

Проектанти и граѓани заеднички создале нов парк во Гетеборг

Една од земјите што е крајно внимателна и има високо развиена еколошка свест е Шведска, поради што се наведува како пример за модел на дејствување и обиди за одговорно интервенирање во просторот, решавање на наследените проблеми на начин што ја фаворизира природата и извршување интервенции во просторот со рационални инвестиции со што е можно помалку градежен отпад со вклучување на пошироката јавност во форма на разбирање на нивните потреби и нивно доброволно ангажирање.

Geteborg

Градот Гетеборг има донесено одлука за изградба на нов градски кварт во центарот на градот, на локација што од депонија во средината на 20 век е претворена во пристаниште. Работите на дизајнирање и размислување за локацијата довеле до тоа прво да се испланира голем градски парк „Јубилеј парк“ околу кој ќе се формира нов градски кварт, во кој ќе се прослават 400 години од создавањето на градот во 2021 година.

Како вовед во развојот на проектот заснован на идеите за отпорност и еластичност на пределот, целиот процес почнал со работа на проектирање и изградба на мал парк „Парк Шорлејн“ на површина од шест илјади квадратни метри, што требало да претставува лабораторија за пејзаж, прототип проект, каде што идеите за естетика, материјалите, вегетацијата и одржувањето се тестираат со заедничка работа на проектантите (компанија MARELD + atelier le balto), општинскиот персонал и јавноста. Сопствениците на земјиштето во соработка со општината имале амбициозни цели на одржливост, кои сакале да ги применат на целото ново соседство, а со тоа и просторот на новиот парк Шорлајн е тест – прототип за изводливоста на поставените цели.

Geteborg1

Постоечката вегетација на локалитетот биле оскудна меѓутоа проектантите сфатиле дека треба внимателно да се чува и третира. Земјата била загадена, а сонцето, ветерот и дождот безмилосно се бореле на отворениот пејзаж. Таквите сурови услови го прават Shoreline Park одличен потфат и фасцинантен простор.

Процесот на развој на проектот е невообичаен, бидејќи пејзажните архитекти заедно со локалната заедница од над 100 учесници организирале неколку активни работилници и работеле заедно на развојот на паркот за подобро да го почувствуваат просторот заедно и со тоа да создадат одржливо и еластично решение. Целиот процес всушност ги повикува граѓаните да остават свој белег во паркот со градење и садење и што е многу важно, индиректно истражување на нивните интереси и желби за да можат да го вметнат конечниот дизајн на паркот. Покрај тоа, применет е метод за планирање и градење што остава слобода да се појават природни процеси и овозможува да почне да се развива еластичен зелен простор пред да се изгради нов градски кварт.

Geteborg2

Интересно е да се напомене дека целата, претежно дива, вегетација е зачувана и инкорпорирана во новиот изглед на просторот, засадени се нови дрвја од пионерски видови кои растат на крајно загадена и сиромашна почва и ја регенерираат и збогатуваат со нивниот раст и животниот циклус. Вообичаеното далеку поскапо решение би било да се замени загаденото земјиште со ново, но се поставува прашањето каде со такво земјиште, односно зошто да се премести проблемот на нова локација. Со овој метод, се работело директно на локацијата за да се подобрат оние услови што биле влошени од човечки раце. Целиот процес на ревитализација е мудро применет во дизајнот во кој се водело сметка интервенциите да не произведуваат многу градежен отпад, бидејќи приоритет е негово повторно користење, со што се продолжува животниот циклус на материјалите како една од премисите за одржлив развој со повторна употреба на отпад. При создавањето на овој парк, силите ги здружиле сите актери за да создадат, да се грижат и да дејствуваат за одржливоста на убавината и опстанокот. Идејата е дека на овој начин, врската со урбаните зелени површини ќе продолжи да напредува во „Јубилеј парк“ во следните 20 или повеќе години. Целиот процес на ревитализација и регенерација на загадените урбани простори е долготраен и експериментално се изучуваат и наоѓаат нови решенија.

Geteborg3

Испрати коментар

Scroll To Top