Насловна / Архитектура / Проект за винарска визба во Зелениково: Спој на архитектура, традиција и технологија

Проект за винарска визба во Зелениково: Спој на архитектура, традиција и технологија

Како предмет на истражување во овој магистерски труд, под менторство на професор Викторија Еремеева од УАКС- Факултет за aрхитектура и дизајн, се обработени современите тенденци во проектирањето на објекти за производство на вино и вински дестилати, односно создавање на винарница со сите новитети од денешницата.1

Проектантскиот дел се состои од архитектонски проект за винарница на територијата на Македонија, во општина Зелениково. Во него се прикажани и обработени сите потребни и неопходни содржини на еден современ производствен капацитет, со кои се задоволуваат потребите на производството на вино во целост.2

Следејќи ги проектантските тенденции во денешницата, неизбежно е и поставување на дополнителни, пропратни содржини како: бутик хотел, ресторан, конференциски сали, енотека и простор за дегустација, со што се отвора проблемското подрачје на поврзување на содржините на новопроектираниот објект со околината на општина Зелениково, каде како фокусна точка во регионот, објектот ќе претставува голем туристички и економски двигател на општината, воедно искористувајќи ги нејзините потенцијали од обликуван и визуелен аспект.situacija 1 3000 crop

Одбраната локација, начинот на поставеноста на објектот, материјалите, конструкцијата и содржините на винарницата Зелениково, претставуваат комбинација која од функционален, продуктивен и естетски аспект, остава голем впечаток и претставува визуелен и просторен монумент како централна точка во околината на овој регион од општината. Со овој проект директно се влијае врз подобрување на условите и активирање на туризмот во Зелениково. FASADI

             Поврзувањето на објектот со околните населби и географските обележја, придонесува кон заживување на економската состојба во регионот и подобрување на препознатливоста на оваа општина во пошироки рамки. Близината на главниот град, го прави овој објект лесно достапен и со тоа се создава уште едно „атрактивно“ место наменето за секаков вид посетители, и кое овозможува разновидно користење, како за секојдневни посети на ресторанот и барот, па се до конференциски собири и вински туризам. Односот кон околината на новиот објект е без нарушување на структурата на теренот и целосно е вклопен во природниот пад. Вкопаниот дел на објектот придонесува кон подобрување на условите што се потребни во неговата внатрешност. SITUACIJA 1 500 CROP

Вино и архитектура – совршен пар кој во денешницата добива целосно нов профил. Во минатото, производството на вино претставувало синоним за престиж и луксуз, но во денешницата зборуваме за многубројни, исклучително современи винарници, винарски визби и производствени капацитети, кои на производството на вино му овозможуваат сосема нов, модерен и поразличен аспект.5

Архитектонскиот концепт на една винарница директно влијае врз процесот на производство и со тоа е директно поврзан со производствените простори, подруми и надворешното обликување. За многу производители на вино, доброто архитектонско решение на винарницата, како и новите производствени технологии, се од големо значење. Користењето на објектите како заднина за маркетинг и реклама е карактеристика на познатите современи винарници.7

Проектирањето на атрактивни простории за дегустација и вешто дизајнираните визби обезбедуваат сосема нов и поинаков поглед на нивните вина, односно производи. Така, проектирањето на винарските подруми игра сè поголема и поважна улога во контекст на квалитетот на виното, квалитет кој претставува рефлексија на архитектурата на зградата во која се создава.6

Оттаму винарниците, како посебни земјоделски објекти за производство на вино, издвоени по својот контекст, се класифицираат како посебна типологија и заземаат посебно место во сите книги, регистри и индекси на архитектонски проекти. Креирањето на една винарница претставува создавање на еден нов „микро свет“ за производство на еден од најконзумираните и најблагородните пијалаци. Да се работи еден ваков проект претставува предизвик за секој архитект.    8SHEMA AKSONOMETRIJA

Пишува: Стефан Тодоровски

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top