Иранско-германскиот тим архитекти ја освои првата награда на конкурсот за идејно решение на московското училиште Moscow Circus School.
Архитектите Maryam Fazel и Belinda Ercan осмислиле визуелно интересен објект, кој сигурно ќе биде впечатлив во стариот московски кварт Тверска. Всушност, нивниот училишен проект е инспириран од облик на инсект наречен elytra, кој има многу карактеристични крилја.
Импресивниот објект со органската форма ќе биде поставен помеѓу стари згради и дефинитивно ќе привлекува внимание на себе. Пристапот кон покривите и ходниците ќе биде целосно овозможен за јавноста.
Ова училиште ќе биде првенствено образовна институција но и јавен објект за концерти, изложби и други културни настани.
Покрај училници, амфитеатри и конференциски сали, овој инсектоиден објект, исто така, ќе има и ресторани и кафулиња.