Архитектот Игор Василевски од Креативниот тим на Општина Карпош, смисли оригинално решение за сквер (мало плоштатче на околу 500 квадратни метри) кој за жителите на Жданец ќе има релаксирачка, но и инспиративна функција
.„Алатките“ кои се прапочеток во неговата креативна мисла Василевски успеа да ги преточи во урбана опрема која ќе се најде на скверот во Жданец. Тоа се светилки – клукачи, штипки-клупи, моливи-јарболи, спојувалки-држачи за велосипеди и други апликативни досетки.
Сепак, она што е една од најочекуваните и најпосакувание решенија е големото пано за графити каде што урбаните момчиња од Карпош ќе имаат простор преку цртеж да ја искажат својата творечка мисла.