Општина Кисела Вода започна со реализација на проект за регулирање на сообраќајниот режим во еднонасочен правец на неколку улици во населба Црниче.
Истиот има за цел растеретување на сообраќајниот метеж и подигнување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.Согласно проектот, ревидиран и одобрен од стручните служби при град Скопје и МВР, еднонасочни ќе бидат улиците Партение Зографски, Христо Узунов и дел од Серска, каде активностите се веќе завршени, а ќе бидат опфатени и улиците Жванска, Дамбени, Баница и Наум Охридски.
Дополнително, согласно проектот, на овие улици веќе се поставува хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Активностите во насока на обезбедување на поголем ред во сообраќајот ќе бидат комплетно реализирани до крај на месецов.
Проектот е целосна инвестиција на општина Кисела Вода.