Насловна / Вести / Проект за намалување на загадувањето во Берово

Проект за намалување на загадувањето во Берово

berovo_1
Пет и пол милиони евра европски пари преку Министерството за животна средина ќе се инвестираат во Берово. Со тие пари треба да се изгради колекторски систем, канализациска мрежа и да се направи приклучување со пречистителната станица, пренесе телевизијата Ирис.

Постојат повеќе опции за овој проект. Најисплатливата е во него да се вклучи и соседно Пехчево. Оваа општина до петок ќе треба да се изјасни дали е подготвена да се вклучи во проектот.

Градоначалникот на Берово, Наџински, вели дека со изградбата на фекалната канализација и колекторскиот систем во Малешевскиот регион ќе нема ниту еден загадувач, бидејќи сите отпадни води ќе одат во пречистителната станица.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top