Насловна / Вести / Проект за гасоводна мрежа во Општина Штип

Проект за гасоводна мрежа во Општина Штип

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ја информираше дека во тек е јавниот оглас за изработка на идеен и основен проект за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Штип со максимум 20.000 метри должина. Одделението за урбанизам ја подготвило проектната задача и техничката спецификација.
Со овој повик ќе биде избран економски оператор кој ќе има обврска да избработи идеен проект и основен проект.
Јавниот оглас е објавен на 19.02.2018 во Електронскиот систем за јавни набавки, Службен весник на Република Македонија и Службено гласило на Европската Унија и ќе трае до 12.03.2018 г.
Проценетата вредност на овој проект без вклученост на ДДВ изнесува 4.950.000,00 денари.
Гасификацијата е еден од најважните проекти за Штип кој директно ќе влијае на намалувањето на трошоците за греење на секое домаќинство и ќе ја намали загаденоста се вели во обраќањето на градоначалникот.

22

Испрати коментар

Scroll To Top