Холандскиот студент по инжинерство Boyan Slat го креираше проектот „The Оcean Clean up“, концепт со кој се планира да се чистат океаните ширум светот од пластичните отпадоци што пловат по водната површина. Проценето е дека во моментов пловат околу 500 милиони килограми пластичен отпад. Претходните предлози од ваков тип се базирани на разновидни мрежи за кои била потребна голема инвестиција, и истовремено постоела опасност тие да предизвикаат штета врз океанскиот животински свет. Предлогот на Slat вклучува површина од 100 километри пловечки филтри кои се статични и претставуваат еден вид бариера за отпадот. Ваквата структура за чистење на океаните е поврзана со централна платформа до каде се транспортира претходно детектираниот отпад.