Во женскиот затвор Rebibbia во Рим, студиото G124 на познатиот италијански архитект Ренцо Пијано осмисли проект, мала црвена куќа наречена Ма.Ма, која им дава можност на жените да се сретнат со своите сакани во мирна атмосфера и пријатен простор. Обликот на зградата е како детска имагинација, па така целата куќа и влезот во неа се како наједноставниот облик на куќа што ја цртаат децата, пишува Domusweb.
Оваа мала куќа, со димензии од 28 квадратни метри, е изградена во последните две години од затвореници во соработка со тројца млади архитекти, Мартин Пасери, Атилио Мацето и Томазо Мареначи, под надзор и координација на професорот Писано Посоко.
Во огромниот женски затворски комплекс Rebibbia, во кој моментално има 320 затвореници, малата црвена куќа секако не ги задоволува потребите на сите што живеат во неа, но архитектите се надеваат дека може да претставува важна и симболична почетна точка за развој на слични проекти.
Во својата долга и значајна кариера, Пијано никогаш немал можност да дизајнира затворска установа, но истакнува дека оваа тема секогаш го привлекувала, но и здравствените установи, универзитетите и училиштата.