Уредниците на стручните магазини Power Engineering и Renewable Energy World ги објавија финалистите за наградата Проект на годината 2017 од областа на енергетиката во пет категории: јаглен, комбинирано производство на електрична и топлинска енергија (Combined Heat & Power – CHP), складирање на енергија, природен гас и обновливи извори. За да бидат квалификувани, проектите мораа да биле пуштени во работа во периодот од август 2016 до крајот на јули 2017 година. Селекцијата и рангирањето е направено врз основа на следните критериуми: иноовативност, локално влијание и влијание врз индустријата, како и способноста за решавање на логистичките предизвици.
Победничкиот проект во секоја категорија ќе биде прогласен на 5ти декември за време на главната сесија на саемот POWER-GEN International 2017 во Лас Вегас. Финалистите во секоја категорија се дадени во продолжение:
Најдобар проект за обновливи извори на енергија
- Ветерна фарма Ningxia Haiyuan Xihua (China Resources Power Holdings)
- Микромрежа во резерват Blue Lake Rancheria САД (PG&E)
- Соларна постројка на покрив (DC Department of General Services)
Најдобар проект за складирање на енергија
- Gestor Colombia микромрежа (GENSA Energy)
- Батериски систем за складирање на енергија (Imperial Irrigation District)
- Бибридна батерија/гасна турбина (Едисон Јужна Калифорнија)
Најдобар проект кој согорува јаглен
- Petra Nova Carbon Capture реконструкција, Тексас (NRG Energy)
- Hezhou Power Plant (China Resources Power Holdings)
- Edgewater Unit 5 AQCS (Wisconsin Power and Light)
Најдобар проект за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија
- Главна Дирекција на NRG Energy
- Когенерациска постројка Cangzhou (China Resources Power Holdings)
Најдобар проект кој согорува природен гас
- Grand River Energy Center Combined Cycle Unit 3 (Grand River, Oklahoma)
- Wolf Hollow Тексас (Exelon Power)
- Burullus Power Plant Египет (PGESCO – Power Generation Engineering & Service Co)