Насловна / Архитектура / Проект на 3LHD за ново училиште во близина на Риека

Проект на 3LHD за ново училиште во близина на Риека

Загрепското биро 3LHD претстави проект лоциран во околината на Риека, кој се наоѓа на ридовите покрај северниот раб на Риечкиот залив.

Станува збор за проект за изградба на ново основно училиште во Каставо, проектирано како подрачно училиште за 448 ученици и за настава во една смена.

Со оглед на тоа што топографијата е многу специфична – дупки карактеристични за тоа подрачје, а висинската разлика на некои места е 27 метри, целиот концепт на 3LHD се стреми да го почитува затекнатиот контекст, со што се обезбедува хармонична интеграција на училишните објекти во околината.

Подземно поврзување на волумените

Даупките се сложен геолошки проблем, тие се зголемуваат во големина и можат ненадејно да се појават на кое било место во сеизмичкото подрачје, што било особено карактеристично за земјотресот што ја погоди Петриња кон крајот на 2020 година.

Архитектите од бирото 3LHD проектирале двокатен волумен со училници, ориентиран кон југ, кој е подземно поврзан со волуменот на спортската сала.

Јавната пешачка комуникација исток-запад поминува над подземниот дел.

Спортското игралиште, сместено е на покривот на салата, го формира покриениот школски плоштад/трем на училиштето и го дефинира главниот влез.

Во меѓупросторот на волумените на училиштето и јавниот премин се наоѓаат придружните објекти на училиштето кои формираат атриуми.

„Еден од клучните елементи се скалестите градини на јужниот дел од парцелата, кои ќе служат како простор за училишни активности на отворено“, велат од 3LHD.

Работите ќе почнат за една година

Проектот за ОУ „Милан Брозовиќ“ беше претставен неделава, а за изградба на ново училиште одобрена е сума од 17,9 милиони евра.

 

Дозволата за градба е добиена, а во тек е постапката за јавна набавка за раководителот на проектот.

Потоа следува распишување тендер за градежни работи со опрема, за да може почетокот на работите, како што беше најавено, да започне „за една година“.

Испрати коментар

Scroll To Top