Со собирање и селектирање на отпад на брегот на реката Треска, во близина на ресторанот „Манастирска пештера“, во кањонот Матка и музички перформанс во изведба на дечиња од приватна градинка „Пиколини“ и од музичкото училиште „Пиано арт“ се промовираше проектот „Лулка на чистотата – кањонот Матка“ што го спроведува невладината организација за заштита на животната средина 4SELECT.
По повод Светскиот ден на рециклирањето и официјално се промовира и покренување на TrashTag, а децата испраќаат порака за спас на планетата Земја и за тоа дека идните генерации сакаат да наследат чиста планета.
Проектот се реализира со поддршка на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.