Адам Калкин е американски архитект и уметник кој на јавноста е познат по необичниот проект на сопствениот дом. Имено, Калкин пред десет години купи традиционална фармерска куќа од 1880 година во близина на Њу Џерси. Како што самиот вели, од првиот момент знаел дека сака да живее токму тука. Сепак, идиличната куќа во природа била премногу мала за потребите на него и неговото семејство, а Калкин почнал да размислува како би можел да го прошири просторот. Неговата идеја ги воодушеви љубителите на архитектурата, а сите релевантни архитектонски медиуми објавиле информации и текстови за неговиот дом.
Наместо да гради уште една куќа или да надградува делови на постоечката, Калкин се одлучил над постоечката да подигне авионски хангар, а со тоа дошол до проектот „куќа во куќа“. Осигуран е дополнителен простор, но, исто така, и уникатност кога станува збор за архитектурата на домот. Со ентериерот доминираaт мноштво бои, но вклопени да формираат пријатна атмосфера во домот.