Во петок (29 октомври) во 10 часот во Железничка зграда Скопје (ул. Рајко Жинзифов, 36) ќе се одржи прес-конференција по повод одржувањето на колаборативниот проект „Кога зградите би зборувале“.
„Кога зградите би зборувале“ ги разоткрива деликатните, скриени траги од бришењето на колкетивната меморија на локалната историја, сето тоа прикажувајќи го преку конкретни примери на урбани простори (комплекс на згради и нивното опкружување) кои се/биле значајни обележја во одреден град или област. Овa бришење од сеќавањето води кон речиси непрепознатлива промена на локалниот контекст влијаејќи цели заедници и различни општествени слоеви како и на целокупното општествено ткиво. „Кога зградите би зборувале“ се обидува да зборува на креативен и интердисциплинарен начин за локалните урбани проблеми, некогаш поврзани со една поединечна зграда или блок за живееење или деловен простор во сите градови партнери на ова иницијатива – Скопје, Белград и Загреб.
Процесот подразбира истражување на зградите: Железничка зграда во Скопје од ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје, комплексот на згради Белвил во Белград во соработка со партнерот Супервизуелна и Фабриката Пенкала – Мостер во Загреб, во соработка со организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб, во периодот од октомври 2015 – септември 2017 година.
На прес-конференцијата ќе се обратат авторите и куратори на проектот Филип Јовановски, Ивана Васева и Дејан Ивановски, како и дел од станарите на Железничка зграда.
Проектот е поддржан од Balkans Arts and Culture Fund (BAC). BAC е спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Европската културна фондација (ECF).