Google покрена нова онлајн галерија Street Art Project која овозможува поглед на сета улична уметност во светот заедно со точните локации.
Само во Лондон се 500 локации на уличната уметност, нивните координати и фотографии. Фотографиите се земени од проектот Google Street View, а презентирани дури и познати графити кои на одредени пунктови веќе не постојат. Во Street Art Project се вклучени повеќе од 4000 дела, а за да се најде некое дело, потребно е само во пребарувачот да го изберето името на уличниот уметник или градот што ве интересира.
Преку оваа иницијатива, Google застана во заштита на уличната уметност, која многумина ја сметаат за вандализам, и луѓето од Google се прашувале како да се зачува со оглед на тоа што одлични дела едноставно исчезнуваат. На овој начин, одредено дело ќе биде запаметено барем во виртуелна форма и ќе биде достапно за секој кој сака да го истражува светот на уличната уметност.