Насловна / Екологија / Проект „Балкански води“

Проект „Балкански води“

Balkanske-vode1

Здружението на љубителите на стрипови „StripOs“ од Осијек, го реализира проектот „Балкански води“ кој има за цел подигање на свеста кај младите за опасностите од фрлање отпад во реките, со што, меѓу другото, би се превенирале и поплавите.  Во мај 2014 година, Балканот беше погоден од поплави, најголеми во последните 120 години. Иако се работи за елементарна непогода, неспорно е дека влијанието на човечкиот фактор е пресудно за нивото на последиците, особено доколку не се преземаат превентивни мерки и водотеците се затрупуваат со отпад.

Споменатото здружение преку проектот „Балкански води“ има во план издавање на книга која содржи детски стрипови нацртани во текот на работилниците одржани во 2015 година во Обреновац (Република Србија), Гуња (Хрватска) и Маглај (БиХ), општини најсериозно погодени од поплавите во 2014-та. Книгата ќе содржи и фотографии на коритата на реките и штетите предизвикани со поплавите. Книгата ќе излезе на српски, босански и хрватски јазик, а ќе се дели на децата и младите во наведените општини во замена за ПЕТ  амбалажа.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top