Серијата на мобилни објекти за домување на две лица, наречена ÁPH80, претставува проект на архитектонското студио ÁBATON за реализација на лесно траснпортни структури, способни да се позиционираат во какво било опкружување и околности. Пропорциите на објектот се резултат на извршената студија на тимот архитекти, секој од различните простори да биде препознатлив како функционална содржина, истовремено придонесувајќи за создавање на единствена целокупност на внатрешноста. Конструкцијата е едноставна и цврста, изведена од материјали избрани да обезбедат комфор и баланс.
Проектот ÁPH80 претставува репрезент на принципите и ставовите на студиото ÁBATON за одржување на хармонија, едноставност и енвиронменталистички баланс при создавањето архитектура.