Насловна / Архитектура / Проекции на светлина и сенка во куќа во близина на Буенос Аирес

Проекции на светлина и сенка во куќа во близина на Буенос Аирес

Barrionuevo Villanueva Arquitectos се проектанти на куќа во близина на Буенос Аирес со конзолен горен кат што се протега кон блиската река Lujan.

Куќата Obra Virazónсе се наоѓа во Tigre, град северно од Буенос Аиреса, кој е дел од неговото пошироко градско подрачје.

8

Објектот со површина од 310 квадратни метари завршен е кон крајот на 2021. година од проектантското биро Barrionuevo Villanueva Arquitectos од Кордоба.

Приземјето е со малку намалена површина што создава паркинг простор за станарите, додека горниот кат е поставен конзолно за да понуди повеќе простор.

Во куќата се влегува од улицата под надвишен горен кат, низ стаклена врата. Вратата води во предворје, кое делува како главен циркуларен простор на домот.

2

„Секое подрачје има своја сопствена состојба и употреба, но фактот на нивното меѓусебно поврзување низ просторите и меѓупросторите дава посебен квалитет“, велат архитектите и додаваат: „Ова на крајот создава нови простори кои се испоставува дека се најважни во програмата“.

1

Архитектите настојувале да го истакнат овој циркулационен простор создавајќи празнина со двојна висина во центарот на домот. По едната страна се протега бетонска клупа, а под скулптуралните скали поставени се жардинери.

4

Кујната, дневната соба и трпезаријата се наоѓаат на задниот дел од имотот, со поглед на реката Lujan – што низводно се спојува со Rio de La Plata.

Дневната соба е сместена во секундарниот волумен, што помага да се дефинира внатрешниот двор помеѓу паркингот и задната градина.

„Пациото не бара физичко дејство за да се конституира, туку ги артикулира хоризонталните и вертикалните употреби на целото дело“, велат архитектите.

3

Архитектите креирале разновидна палета на завршни обработки, вклучувајќи дрвени подови и ормари со богати текстури, натур бетон за повеќето ѕидови и црн челик за прозорските рамки и столбовите.

На катот, трите спални соби се поставени долж ходникот. Подестот на врвот на скалите вклучува работна маса и многу растенија, создавајќи неформално место за работа.

13

Ходникот што ја поврзува главната спална соба на задниот дел од имотот со двете други спални соби во предниот дел има дрвени греди, кои фрлаат динамични сенки низ ентериерот.

„Додека се движите низ куќата можете да откриете простори, проекции на светлина и сенка и животот што го предлага организацијата на домот“, велат архитектите.

10

12

5

6

7 11

9 15 16

Испрати коментар

Scroll To Top