Шпанското архитектонско студио Ferran Vizoso Architecture од Барселона најде совршено решение за зачувување на стара барокна црква во близина на Тарагона. Овој верски објект останал без покрив уште од Шпанската граѓанска војна, и токму тој недостаток претставувал главна задача за авторите на проектот. По завршувањето на реставрациските работи, наместо покрив поставен е проѕирен ETFE материјал, кој може да ги покрие големите простори, а не пропушта топлина, цврст е и отпорен на временски неприлики. На овој начин, бил сочуван целиот оригинален изглед, но исто така било постигнато и чувството на леснотија и етеричност, кои всушност соодветно одговараат на една црква. Покривот сега ја штити црквата од понатамошно уништување, а материјалот со кој е опфатен објектот е совршено идеален, кога не може да се користи стаклото. Минимално влијае на изгледот на црквата, а всушност е многу ефективен, создавајќи уникатна атмосфера.