Насловна / Архитектура / Проѕирен базен на седми кат, комплекс Anaha на Хаваи

Проѕирен базен на седми кат, комплекс Anaha на Хаваи

Импресивниот комплекс Anaha во Хонолулу на Хави проектиран е од архитектонското  бирот Solomon Cordwell Buenz (SCB) од Чикаго во соработка со локално биро Benjamin Woo Architects.

3

Компанијата Surfacedesign од Сан Франциско била задолжена за пејсажната архитектура и дворот на комплексот како и за проектот на впечатливиот базен со стаклено дно сместен на седмиот кат, најголемата атракција на комплексот.

1

Централната кула е на 38 ката со фасада од плаво-зелено стакло како би била во склад со Тихиот океан, основите на секое ниво се така поставени да потсетуваат на бранови.

Комбинацијата на стакло и необичната овална структура на објектот прави таков визуелен ефект, што на набљудувачот може да му се причини дека зградата се поместува во склад со светлото и временските прилики.

6

Покрај фантастичниот базен, комплексот Anaha поседува и најголем зелен ѕид на Хаваите кој е висок 24, а широк 4.6 метри. Оваа импресивна „жива скулптура“ содржи преку 8000 тропски растенија.

5

Комплексот Anaha брои 318 резиденцијални објекти и е дел на новиот градски блок Ward Village во кој покрај станбени објекти се наоѓаат и ресторани, трговски центри, културно – забавни објекти, како и јавни објекти и простори.

2

4

Испрати коментар

Scroll To Top