Насловна / Арт и дизајн / Prodrive – најубавиот тркачки симулатор во светот

Prodrive – најубавиот тркачки симулатор во светот

Ова прекрасно скулптурално парче се добива кога еден од најдобрите дизајнери на автомобили ќе добие задача да креира тркачки симулатор.

Британската мотор-спорт компанија Prodrive ја откри својата нова, ексклузивна опрема за возење која на купувачите ќе им биде достапна до крајот на годината.

1_resize

Опишан како „најубавиот тркачки симулатор во светот“, „Prodrive Racing Simulator“ од професионална класа креиран е во соработка со легендарниот британски дизајнер на автомобили, Ian Callum.

00_resize

Callum е дизајнерско студио создадено од Ian Callum, поранешен водечки дизајнер во Jaguar Land Rover. Callum е одговорен за голем број култни дизајни, работејќи на Aston Martin Vanquish и DB9, Jaguar F-Type и I-Pace и оригиналниот рели автомобил Ford Puma и RS200 Group B.

2_resize

„Prodrive Racing Simulator“ е дизајниран дел за возење да биде, а дел скулптура. Претседателот на Prodrive, Дејвид Ричардс, коментира дека идејата е да се поседува „нешто на што би биле горди да го имате изложено во вашиот дом како клавир, а не да биде сокриено“.

Како резултат на тоа, опремата се состои од надворешна структура од бреза, која се состои од 16 слоеви дрво и е завршена со црн лак со висок сјај- многу слично на големо пијано.

1_resize

Секако, опремата има прилично висока цена, 58.000 долари. Сепак, како дел од тие трошоци, клиентите ќе бидат поканети во седиштето на Prodrive во Banbury, Oxfordshire, на обиколка на објектите и тест-возење на опремата. Исто така Prodrive ќе го инсталира симулаторот и во домот на клиентот.

3_resize

„Овој дизајн интригира. Знаете дека е симулатор, но потоа треба да погледнете повторно. Прекрасната форма и сјајната „пијано црна“ го носат Racing Simulator на сосема ново место – тоа е парче мебел што може елегантно да се смести во простор за живеење“ , вели Ian Callum.

4_resize

02_resize

01_resize

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top