Насловна / Екологија / Продолжува проектот „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро“

Продолжува проектот „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро“

dojran

Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија од февруари 2014 год. до декември 2015 год. го спроведува проектот: „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро“. Корисник и партнер на проектот е Општина Дојран.

Целта на проектот е да ги здружи претставниците на локалната самоуправа и сите релевантни чинители, да комуницираат, дискутираат и работат заедно за унапредување на интегрираното управување со води и природни ресурси, што ќе придонесе за зајакнување на капацитетите и унапредување на знаењата за идно управување со екосистемот Дојранско Езеро, преку реализација на серија работилници, тркалезни маси, студиска посета, дискусии, кампањи, настава во природа. Во опфатот на своите активности проектот ќе придонесе за: спроведување на редовен мониторинг на Дојранското Езеро, препознавање на соодветни мерки за заштита и промовирање на модели за унапредување на состојбите во екосистемот Дојранско Езеро. Меѓу другото, проектот ќе придонесе за регионално вмрежување и размена на искуства со земјите од Југоисточна Европа, во врска со најдобрите практики за интегрираното управување и заштита на води и природни ресурси.

Општина Дојран, како надлежен орган задолжен за управување со Споменикот на природата – Дојранско Eзеро, ќе стекнува знаења и ќе се обучува за идна изработка на Планот и Програмите за управување со споменикот на природата. Општина Дојран, исто така, ќе учествува и во уредување на внатрешниот изложбен простор и експонатите на Музејот на Дојранското Езеро. Во рамки на проектот, меѓу другото, ќе се спроведат и три (3) истражувачки кампови за следење на квалитетот на водата и клучните биолошки индикатори на Дојранското Езеро, што ќе бидат наменети за претставници на локалната самоуправа, ЈКП за води од Општина Дојран, студенти по биологија и други релевантни чинители.

Теренските истражувања ќе се реализираат врз основа на Методологија за мониторинг на Дојранското Езеро, што ќе се изработи во рамки на проектот, а резултатите добиени од теренските истражувања, ќе послужат за изработка на Извештај за тековните состојби со биолошката разновидност на Дојранското Езеро.
Проектот се реализира со финансиска поддршка на Фондот на партнерства за загрозени екосистеми (CEPF – Critical Ecosystem Partnership Fund).
Dojran_Lake_14

Испрати коментар

Scroll To Top