Насловна / Вести / Продолжува комплетирањето на проектот „Боемска улица 2“

Продолжува комплетирањето на проектот „Боемска улица 2“

Општина Центар започна со поставување на столпчиња во вид на топки од природен гранит на „Боемска 2“.bomeks-001

Ова ќе го спречи дивото паркирање и ќе им овозможи на граѓаните безбедно да се движат по тротоарите и да уживаат во околните угостителски објекти.

Се поставуваат и сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот, бидејќи на оваа улица е забрането паркирање.boemska-01

Поставувањето на гранитните топки и сообраќајните знаци ќе заврши во средината на наредната недела, а надлежно лице од ПОЦ ќе ја контролира состојбата, соопштуваат од Општина Центар.

Од понеделник, 20.02.2017, општина Центар продолжува со работата на вториот дел на „Боемска 2“ до крстосницата на улицата „Костурски херои“. Ќе биде уреден и просторот за паркирање.

Испрати коментар

Scroll To Top