Насловна / Вести / Продолжува кампањата „Едно капаче, една надеж“

Продолжува кампањата „Едно капаче, една надеж“

1

Компанијата Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и фирмата за рециклирање „СНС Ре пласт“, најавија продолжување на спроведувањето на кампањата „Едно капаче, една надеж“. По тој повод беа донирани.три инвалидски колички за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, ја истакна и подготвеноста на Владата за поддршка на компаниите кои го менаџираат отпадот. Според него покрај хуманитарниот аспект, оваа акција има исклучитечно високо еколошко ниво, и владата е подготвена за поддршка на домашните компании кои го менаџираат отпадот.

5

Бранка Димитровска од Здружението „Без ограничување“ истакна дека количките ќе бидат доделени на три активистки од Кратово, Кочани и од Скопје. Филип Ивановски од компанијата Пакомак која ќе биде задолжена за собирање и дистрибуција на капачињата појасни со акцијата се прават две добра, помош на лицата со посебни потреби и заштита на животната средина.

Сите оние кои имаат собрано капачиња и чекаат да бидат преземени, како и новособраните треба да ја пријават локацијата и контакт лице на фејсбук страницата https://www.facebook.com/ednokapaceednanadezplus/ . Линкот е достапен и преку Веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање:

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top