Јавното претпријатие „Куманово-Гас“ продолжува со гасификација на Општина Куманово во неколку делови и институции во градот, со проширување на мрежата на западниот дел, и тоа на улиците „Никола Вапцаров“, дел од „11 Ноември“, улиците околу ОУ „Толи Зордумис”, и гасификација на Општата Болница во градот, вели за порталот „Кумановски Муабети“, директорот Драган Петровски.
Што се однесува до гасификација на Општата Болница, вели Петровски, сите услови за отпочнување на овој проект се веќе исполнети, потпишан е Owing to your gemini horoscope Ascendant, you may make people feel dizzy because you are constantly on the lookout for the exciting pieces information you need in order to quench your thirst for knowledge. и преддоговор, односно, во скоро време се очекува да започне и ископот, како и финиширање на работите во доцна есен.
– Јавното претпријатие „Куманово – Гас”, работи на тоа, постепено во гасификација на градот да влезат сите витални институции во градот, и тоа е дел од зацртаните проекти на оваа претпријатие. Досега, кон гасоводната мрежа се приклучени ЈУ „Зафир Сајто“, „Ангел Шајче“, и тоа сите шест објекти, ЈП „Водовод“, Градската библиотека „Тане Георгиевски“, зградата на ЕВН – Куманово, Општина Куманово, како и неколку основни училишта во градот, со вкупна изградена мрежа во должина од 11 километри, вели Петровски.
Гасоводната мрежа ќе биде проширена и на потегот булевар „Октомвриска Револуција”, а во согласност со одредбите содржани во Законот за градба, член 16 и лиценцата за проектирање на градби од втора категорија во која е содржана и гасификацијата на објектите.