По барање на членовите на Асоцијација на архитекти на Македонија, Управниот Одбор на ААМ донесе одлука за продолжување на рокот за поднесување на пријави за БИМАС 2023.
Новиот рок за поднесување е до 21.06.2023 година
Поради случувањата на глобално ниво во периодот од 2020 до денес, а како резултат на тоа и неможноста за организација на 20. Биенале во дадениот период, Управниот одбор на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија донесе одлука за интегрално одржување на 20. и на 21. издание на Биенале на Македонската Архитектура (БИМАС). Настанот ќе се одржи во период од 14. до 30. септември, 2023 година, во НУ “Национална Галерија – Мала Станица“ и во “Музеј на Современа Уметност“ во Скопје, во чии рамки ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 година и од 2021 до 2023 година.