Насловна / Вести / Продлабочување на партнерството во енергетиката на Медитеранот

Продлабочување на партнерството во енергетиката на Медитеранот

Европската унија и Египет, објавија зедничка изјава на своите челници, а во врска со климата, енергијата и зелената транзиција. „сакаме да го искористиме полниот потенцијал на односите помеѓу ЕУ и Египет, а преминот на чиста енергија и борбата против климатските промени ќе биде окосница на нашето партнерство. Се радувам на соработката со Египет, кој ќе претседава со конференцијата COP27, и понатамошниот напредок на темелите поставени минатата година во Глазгов. Соработувајќи со Египет ќе настојуваме да ја прекинеме зависноста од рускиот гас и ќе се свтртиме кон доверливи добавувачи“, изјавила von der Leyen. ЕУ и Египет со заеднички сили ќе настојуваат да го продолжат спроведувањето на Парискиот договор и да постигнат амбициозни резултати на конференцијата COP27, која во ноември ќе се одржи во Шарм Ел-Шеик.

mediter1

Во заедничката изјава, потписниците се обврзуваат дека ќе соработуваат на постигнувањето на глобална и праведна енергетска транзиција, подобрување на способностите за адаптација, намалување на загубите и штетите предизвикани од климатските промени, како и поголемо финансирање на борбата против нив со цел да се пружи помош на земјите во развој. ЕУ и Египет ќе посветат посебно вимание на обновливите извори, водородот и енергетската ефикасност, соопштува Европската Комисија. Ќе се развива и медитеранското партнерство за водород, заради вложување во производство на електрична енергија од обновливи извори, развој и проширување на електроенергетските мрежи, производството на енергија од обновливи извори и нискојаглероден водород, како и изградба на инфраструктура за складирање на енергија.

israel2

Со оглед дека сигурното снабдување со гас е заеднички проблем, потпишан е трилатерален договор во Каиро, помеѓу ЕУ, Египет и Изреаел, за извоз ан природен гас во Европа. Потписниците ќе соработуваат на стабилна испорака на природен гас, која мора да биде во согласност со долгорочните цели за декарбонизација и да се темели на пазарно определување на цените, а гасот од Израел, Египет и други извори во источното Средоземје ќе се испорачува во Европа со помош на египетската инфраструктура за течен природен гас.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top