Продажна изложба под наслов „Вкусот на текстилот“ ќе биде отворена утре во просториите на дизајн-центарот „Јавна соба“ со почеток во 20 часот.
Станува збор за група студенти од Институтот за дизајн и инжeнеринг на облека на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, кои пред сè се смели ентузијасти, а предводени од искусни дизајнери и менаџери. Сите заедно формираат 10 нови македонски брендови кои ќе ги претстават пред пошироката јавност. Тие создадоа иновативни производи, каде што носечки материјал е текстилот, и кои имаат две или повеќе функции.
Сите производи се со огромен пазарeн потенцијал, што ветува некаква иднина во поглед на опстанок на младите брендови и нивен понатамошен развој.
Изложбата е резултат на петдневна работилница за време на Неделата на дизајн во Скопје 2016 и шеесет дена продукција и промоција на истото.
На изложбата ќе се претстават: Деспина Ангелеска, Тамара Ивковиќ, Марјан Бебекоски, Ангела Доневска, Софија Грозданова, Христина Христова, Медаин Аслан, Ева Кравченко, Даниела Ѓуровска, Валмира Бучи и Мимоза Исмајли, под менторство на Тамара Георгиевска, Ива Jанковиќ, Александар Велиновски.
Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија, Јавна соба и Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршки факултет – Скопје.