Инспирирани од јасноста на оригиналната, систематска продажна стратегија на брендот „Coach“, ОМА доаѓаат до концепт на модуларна изложбена единица, која сама по себе е доволно флексибилна за да може да се приспособи на специфичните потреби на секој продукт, како и на трговската средина. Просторните можности на овој високо функционален простор ја зајакнуваат мисијата на брендот за репрезентација на „логика и магија“.
Деветтата продажна единица на брендот „Coach“ претставува двокатен простор, на аголот на Омотесандо, значаен трговски коридор во Токио. Во споредба со стилот и изразот на декоративните елевации кои го карактеризираат дистриктот Омотесандо, дизајнот на OMA интегрира „дисплеј“ на фасадата, кој безрезервно го прикажува присуството на брендот од внатре кон надвор.