Насловна / Вести / Продажбата на електричните возила зголемена за 63 проценти

Продажбата на електричните возила зголемена за 63 проценти

Според Bloomberg, продажбата на електрични возила на глобално ниво, има забележано раст од 63% во третиот квартал од 2017, споредено со вториот квартал од годинава. Имено, во третиот квартал од годинава, продажбата забележала рекордно ниво, главно поради зголемената побарувачка во Кина, што е резултат на заострените законски одредби во оваа земја поврзани со заштитата на животната средина. Втор најголем пазар за електрични автомобили е Европа, додека на третото место е Северна Америка. Анализите упатуваат дека во оваа година бројот на продадени електрични возила ќе надмине еден милион.

Electric Boom 1

Пазарот на електрични автомобили бележи раст од година во година, а во добар дел тоа се должи и на забрзаниот развој на инфраструктурата односно станиците за полнење на овие возила. Во последниот период, многу градови и земји, најавија построги критериуми во врска со загадувањето на воздухот, па еден од можните потези во иднина  е целосна забрана за продажба на автомобили на фосилни горива. Франција и Велика Британија планираат да ги забранат класичните автомобили до 2040 година, додека Холандија планира тоа да го стори најдоцна во 2030 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top