На територијата на општината Ѓорче Петров, во рамките на локалитетот Стопански Двор, понудени се на продажба пет градежни парцели за изградба на сервиси и стоваришта.
Продажбата на парцелите, кои се движат од 4.821 до 7.433 квадратни метри, ќе ги спроведе Министерството за транспорт и врски.
Дозволената катност на објектите е приземје плус кат. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање потребно е да се достават до 11 март годинава. Електронската аукција ќе се одржи на 18 март, со почетната цена 61 денар за квадратен метар.