Насловна / Вести / Продажба на државно земјиште во општина Богданци

Продажба на државно земјиште во општина Богданци

bogdanci

Општина Богданци по пат на електронско јавно наддавање огласи продажба на државно неизградено земјиште за изградба на верски објект, хотел и откупно дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук.

Предмет на продажба ќе бидат две парцели од кои на едната со површина од 5.470 квадрати ќе се гради верски објект, католичка црква со придружен хотелско угостителски комплекс, а на другата парцела со површина од 4.188 квадрати ќее градат откупно дистрибутивни центри.

Почетната цена за продажба на парцелата наменета за верски објект изнесува 148 денари за метар квадратен, а за парцелата наменета за откупно дистрибутивни центри е 61 денар од метар квадратен.

Право на учество имаат сите физички и правни лица кои најдоцна до 9 септември ќе ги достават своите понуди. Електронското јавно наддавање ќе се изврши на 12 септември со времетраење од по триесет минути во периодот од 10 до 11 часот.

Испрати коментар

Scroll To Top