Насловна / Ентериери / Продавница која нуди двојно визуелно искуство

Продавница која нуди двојно визуелно искуство

fs_181114_01-630x415
Архитектите за ентериери i29 ја направија оваа продавница за Frame Magazine во Амстердам. Продавницата Frame, нуди тридимензионално искуство од магазинот, креативен и иновативен универзум, кој изненадува и инспирира. Во тотално поинаков концепт, i29 спојуваат две продавници во една, две контрадикторни искуства во еден простор.

fs_181114_02-630x630

Продавницата е создадена како интерсекција на архитектурата, дизајнот, уметноста и модата. Внатрешниот дизајн е базиран на променливоста на продавницата. Нејзината флексибилност и лесна трансформација се главен фокус на ентериерот.

fs_181114_03-630x591

Погледнато од предната страна, доминираат инсталацијата на бели панели и црни рамки кои лебдат во просторот. Висејќи од ѕидовите, подот и таванот,  панелите имаат функција на бело платно. Содржината на ова „платно“ може да се промени бидејќи првите панели се демонтажни. Презентациите на одредени теми се изложуваат помеѓу панелите. Со користење текст и графика историски се поврзува постоењето на магазинот низ годините. Но исто така и покануваат посетителите да се приближат и да разгледуваат.

fs_181114_10-630x942

Гледајќи од назад кон напред, продавницата нуди сосем друго искуство. Триаголниот облик на таблите во црно обоено дрво, ги покажуваат вистинските производи зад предните панели. Контрастот на овие два света во продавницата нудат прекрасни изненадувања.

fs_181114_06-630x567 fs_181114_08-630x434 fs_181114_13-630x420

Испрати коментар

Scroll To Top