Насловна / Ентериери / Продавница за чевли инспирирана од тетратки и квадратчиња

Продавница за чевли инспирирана од тетратки и квадратчиња

prodavnica za cevli (6)

Проектното студио Nabito дизајнира ентериер на продавница за детски чевли насловена Little Shoes во Барцелона. Идејата за дизајнот на ентериерот ја добиле од мотивот кој на децата им е добро познат- квадратчиња, истите какви што се во училишните тетратки. Резултатот е визуелно привлечен не само на децата туку и на возрасните.

Контејнерите се направени од бели керамички плочки поставени во правилен, квадратен растер.prodavnica za cevli (5)

Керамичките плочки на италијанската компанија Ceramica Vogue, поставени се по прецизен шаблон за да се создаде впечатокот на квадратчиња од училишните тетратки. На тој начин, се покриени 100 квадратни метри на продавницата, вклучувајќи ги и ѕидовите и таванот.

prodavnica za cevli (4)

Производите се поставени на платформи во различни висини, кои исто така, се покриени со бели керамички плочки. Со тоа е создадена соодветна минималистички позадина за изложување на шарени обувки.

Ентериерот делумно е украсен со цртежи на куќи, чамци и ветерници, како и со низа букви кои се повторуваат како во детските училишни тетратки.

prodavnica za cevli (3)

Ногарките и рамката на задниот дел од столиците, кои се користат за пробување на чевлите, симболично потсетуваат на маргините во тетратките.prodavnica za cevli (2) prodavnica za cevli

Испрати коментар

Scroll To Top