Денеска (20 јануари) по повод „Роденденот на уметноста“, кој Младинскиот културен центар го прославува во изминатите шест години, ќе сe отвори продавница за дискови, книги, ракотворби… , насловена АПоТЕКА.
Модерно опремената продавница, каде што ќе може да се купат предмети од културата и уметноста, се простира на околу 50 квадратни метри и се наоѓа веднаш до инфопултот на влезот во МКЦ.
– Во АПоТЕКА ќе се снабдите со сè што нема да го пронајдете во „светилиштата“, популарните „молови“: плоча, диск, книга, ракотворба, велосипед, облека… Или: сите намирници од уметноста и културата неопходни за „преживување“, без рецепти. Своја нова адреса ќе најде и легендарната скопска продавница за плочи Maximum Rock’n’Roll, информира МКЦ.