Дијамантот познат под името „Розова ѕвезда“ е продаден на аукција во Хонгконг за 71,2 милиони долари, со што го собори рекордот за најскап драгоцен камен кога било продаден на аукција
Беа потребни само пет минути овој дијамант од 59 карати, тежок скоро 12 грама, да го собори рекордот кој порано го држеше „Опенхајмер Блу“ вреден „само“ 50 милиони долари.
Аукциската куќа „Сотеби“ објави дека го купила една локална златара.
„Ова е најголемиот розов дијамант пронајден во историјата на човештвото. Има неверојатна боја“, изјави за БИ-БИ-СИ соговорник од лондонската златара „77 дијаманти“.
„Розовата Ѕвезда“ е откриена во 1999 година во еден африкански рудник на белгиската компанија „Де Беерс“ и претставува најголем исполиран дијамант од овој вид на светот.