Насловна / Вести / Проценка на оштетувањата на објектите со помош на вештачка интелигенција

Проценка на оштетувањата на објектите со помош на вештачка интелигенција

Неодамнешните инциденти со рушење на згради на Флорида, во Питсбург и Љујорк, укажале на потребата од потемелни и почести инспекции на постарите објекти и инфраструктурата ширум САД. Но, проблемот е што традиционалните начини на контрола можат да бидат долготрајни и неуедначени, а исто така многу работи зависат од субјективната проценка на инспекторот.

graph1

graph2

Со цел овој процес да биде поефикасен и појасен, истражувачки тим од Универзитетот Drexel и Државниот универзитет на Њујорк во Бафало, се обидува да користи вештачка интелигенција и математички пристап познат како теорија на графови. Со овие алатки можно е да се оцени колку бетонската конструкција е оштетена врз основа на примерок од пукотината. Под името „Метода на база на графови за квантифицирање на пукнативи на армиранобетонски ѕидови“, објавен во списанието Computer-Aided Civil and Infrastructure Engineering, трудот го претставува процесот со помош на кој би можело подобро да се разбере состојбата на голем број на објекти ширум САД, од мостови до згради, на кои итно им е потребна санација.

Со цел да ја надминат субјективноста во оценување на оштетувањата, истражувачкиот тим развил метода за точно квантифицирање на обемот на пукнатините. Користејќи ја теоријата на графови, тие биле во состојба да креираат еден вид на „отисок од прсти“ за секој сет на пукнатини на бетонската конструкција, споредувајќи ги отисоците на новопрегледаните објекти со оние кои имаат позната безбедносна проценка. Овој тим ги искористил алгоритмите на вештачката интелигенција за следење на пикселите со цел конвертирање на сликите на пукнатините во математичка репрезентација – граф. Овој процес на конверзија трае само неколку минути, што е значително побрзо од традиционалниот процес на инспекција кој може да трае со часови или дури со денови. Програмата на база на вештачка интелигенција била во состојба точно да го процени оштетувањето со прецизност повисока од 90%.

graph3

Истражувачкиот тим планира да продолжи со работа, тестирајќи ја програмата со поголеми и подолги сетови податоци, вклучувајќи и различни видови конструкции. Исто така, работат и на автоматизација на целиот процес, со цел да се интегрираат во системите за надзор на конструкциите, како и во процесите за собирање на фотографии и видео снимки на оштетените објекти после природните катастрофи.

 

Испрати коментар

Scroll To Top