Насловна / Вести / Проблеми во нуклеарна централа во Романија

Проблеми во нуклеарна централа во Романија

Нуклеарниот реактор бр.2 во Нуклеарната Централа Чернавода во Романија, автоматски бил исклучен од електроенергетската мрежа во раните утрински часови на 29.03.2018. Како причина се наведуваат проблемите во процесот на производство, додека стручњаците ја истражуваат природата на дефектот и ги извршуваат потребните санациони зафати во согласност со протоколите за такви случаи во нуклеарните централи. Од компанијата Nuclearelectrica која управува со централата, за медиумите објавија дека не постојат никакви негативни влијанија ниту опасности за вработените во централата, за животната средина, како и за околното население. Чернавода е единствената нуклеарна централа во Романија со инсталирана моќност од 2x700MW. Почнала да се гради уште во 80-тите години од минатиот век, а почнува со работа во 1996 година. Проектирана е според канадска технологија.

Cernavoda-38

Испрати коментар

Scroll To Top