На овогодинешниот јубилеен и 20-ти по ред Меѓународен Симпозиум организиран од Друштвото на градежни конструктори на Македонија, ГД Гранит АД Скопје се стекна со значајно признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година.
Признанието е доделено за изведба на објектот „Изградба на мост на бул. АСНОМ – втора фаза од ул. Цаско Карагелевски до ул. Индустриска 1 од км 0+834.69 до км 1+233.94“ на градежните инженери Андреа Серафимовски, Ивана Димитрова и Кристина Миладиноски од секторот за оператива на ГД Гранит АД Скопје.
Годинешниот Симпозиум на ДГКМ беше исклучителен настан на кој земаа учество 600 учесници од целиот свет и кој беше организиран во Скопје, по повод 60 години од катастрофалниот земјотресот a именуван како „ОТПОРНИ КОНСТРУКЦИИ”