Изградбата на паркот „Бојмија“, кој се наоѓа во населбата Острово, во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“ е во завршна фаза.
Паркот е на површина од 5.500 квадратни метри. Во паркот се поставени сосема нови патеки поплочени со павер-елементи со дебелина од пет сантиметри и изработени според сите светски стандарди, кои се приспособени и за лицата со посебни потреби.
Во рамките на паркот се градат детско игралиште со современи реквизити, фитнес-зона со справи за вежбање, како и ново професионално фудбалско игралиште со нова тревна подлога и модерен дренажен и автоматски систем за наводнување според сите светски стандарди.
Новата урбана опрема, клупите, кантите за отпадоци, чешмата за пиење вода и фонтаната го збогатуваат изгледот на паркот.
Паралелно паркот се збогатува и хортикултурно се уредува со висока и ниска вегетација, со различни видови дрвја погодни за нашето поднебје, со што се зголемува квалитетот на живеење на жителите од сите граѓани.