Хрватска веќе изгради значителен дел од Коридорот 5c кој минува низ нејзината територија, поточно околу 80%. Наскоро ќе биде готова делницата од Осијек до Бели Манастир, долга 24,6km. Со тоа, конечно ќе заживее и пред пет години изградениот спектакуларен мост преку Драва, кој со 2,5 километри должина е подолг и од Пелешкиот мост. Потоа останува само спојувањето со делницата во Унгарија.
Коридорот 5c ќе се протега од Плоче до Будимпешта. Низ Хрватска минуваат 59 километри автопат, а спојувањето со Унгарија се очекува во 2024 година. Тоа значи дека овој проект ќе биде оперативен во Хрватска и Унгарија за две години, додека од Босна и Херцеговина велат дека ќе им бидат потребни уште 6 години за завршување на проектот.