Сојузна судика во САД привремено ја стопирала изградбата на автопат во предградие на Чикаго, бидејќи тоа би можело негативно да влијае врз една врста пчели.
Окружната судика Џерон Џонсон Колман наредила запирање на изградбата на делницата на патот од 10 километри, додека не се провери како тоа ќе влијае врз живеалиштата на оваа „пчела со црвеникави шари“ (Bombus affinis).
Оваа пчела, ендемска во Северна Америка, минатиот месец била ставена на листата на загрозени врсти.
Објавено е дека пчелата ја „регрутирале“ противниците на изградбата на патот, како и дека заради одложувањето на работите, ќе поскапе овој државен проект.